Французите со сериозни критики на адреса на Тони Паркер

Француската кошаркарска легенда, Лоран Скиара, се осврна на најавите дека тренерот на Вилербан, Пјерик Пупе, ќе биде заменет со сопственикот на тимот, Тони Паркер, кој сака да седи на клупата.
„Жал ми е за Пјерик. Можеби на Тони му станува здодевно? Мислам дека наскоро ќе увиди дека е подобро да се грижи за коњите отколку да ги дресира. Да се биде тренер е луда работа“ – рече Скиара.
Екипата на Вилербан имаше катастрофален настап во Евро-лигата додека во француското првенство се наоѓа на 5-то место со ефект од 16 победи и 9 порази.