Француски Лион ќе биде новиот клуб на Шаќири
Трансферна цел на Олимпик Лион е играчот за врска на Ливерпул, Џердан Шаќири. Францускиот клуб вчера дал понуда да го купи 29-годишниот Швајцарец, објави весникот „Л‘Екип“.
Претходно беше објавено дека Ливерпул сака да добие околу 15 милиони евра за играчот од средниот ред.
Медиумите објавија дека Лацио, Наполи, Севиља и Виљареал исто така сакаат д аго купат Шаќири. Самиот играч ја објави својата желба да го напушти Ливерпул и да се врати во Италија, каде што веќе играше за Интер. Швајцарскиот фудбалер игра за Ливерпул од 2018 година.
Шаќири во кариерата има настапува за Стоук Сити, Интер, Баерн Минхен и Базел. Порталот Трансфермаркт го проценува играчот на 12 милиони евра. Фудбалерот има договор со Ливерпул до 2023 година.