Француски судии делегирани за дуелот Македонија – Велс

Француски судија ќе ја дели правдата на вториот меч на Македонија во квалификациите за СП 2026. Во вторник го дочекуваме Велс, а на центарот во Скопје ќе биде 38-годишниот француски судија Жером Бризар, кој редовно суди во домашниот шампионат, а последните европски натпревари му се Борац Бања Лука-Рапид Виена во Конференциската Лига и Плзен-Ференцварош во Лига Европа.
Помошници ќе му бидат Ерван Фанжан и Алекси Оже, четврти арбитар ќе биде Ромен Лисорг.
Во ВАР собата ќе бидат Бастиен Дешепи и Ерик Вателие.