Фратези не е во плановите на Симоне Инзаги
Давиде Фратези решил да се соочи со тренерот Симоне Инѕаги и да го истакне незадоволството од минутажата која ја добива во Интер, но останал разочаран од односот на тренерот.
Актуелниот шампион во Серија А има голема конкуренција во средниот ред, а италијанскиот репрезентативец добива се помала минутажа, па незадоволството кај Фратези кулминирало и по последните натпревари во Суперкупот, кој заврши на разочарувачки начин за „нероазурите“.
Фратези решил да се соочи со Инѕаги и да му го каже своето мислење, но „Газета дело Спорт“ тврди дека добил дополнителна причина за незадоволство и тоа поради фактот што тренерот воопшто не се обидел да го премисли во обидот да бара друга средина уште во јануари.
Инѕаги бил индиферентен кон скапото засилување од пред две сезони и му ставил на знаење на Фратези дека не е во неговите планови, па сега фудбалерот сериозно размислува околу иднината, а агентите бараат солуции.