Фратези официјално претставен на „Сан Сиро“
![](https://blog.evrotip.mk/blog2/wp-content/uploads/2023/07/фратези.jpg)
Интер и официјално го потврди трансферот на Давиде Фратези, кој доаѓа од Сасуоло.
Фратези се етаблираше во еден од најголемите италијански таленти и ова лето многу клубови се бореа за неговиот потпис.
Самиот играч преферираше трансфер во Интер, па „нероаѕурите“ ја победија конкуренцијата и за неговиот потпис ќе платат 25 милиони евра плус младиот Мулатиери.
Фратези откако успешно ги мина лекарските прегледи денес стави потпис на петгодишен договор.