Фрајбург се распрашува за Барди

Во изминатиот период се почесто македонски фудбалери се поврзуваа
со трансфер во Германија, а сега дојде редот и на Енис Барди.
Елиф Елмас се пресели во Лајпциг, Агон Елези во Бохум, Чурлинов се
врати во Шалке (Втора германска лига)…додека турските медиуми
сега најавуваат дека интерес за Енис Барди покажал тимот на
Фрајбург.
Турските медиуми скоро во текот на целиот преоден рок го селат Барди од еден во друг клуб, се споменуваа: Кардиф, Џирона, Торино, Селта Виго, Унион Берлин…
Сезонава Барди има 20 настапи во турската Суперлига за Трабзонспор
и во нив постигна два гола и подели пет асистенции. Неговиот
договор со турскиот клуб е со важност до 30-ти јуни 2025 година.
Според проценката на „Трансфермаркт“ неговата вредност изнесува
шест милиони евра.