Френк Лампард на нова тура разговори со Евертон
Поранешниот англиски репрезентативец и тренер на Челзи, Френк Лапмард, по најавата на медиумите во Англија, се очекува да има втор состанок со раководството на Евертон.
Според информациите, Лампард е прв фаворит за функцијата нов тренер на популарните „карамели“.
Претходно, Евертон најави дека е можно тренерското место во екипата да му припадне на Португалецот Переира, но таквата најава предизвика големо незадоволство кај навивачите и таа опција е повлечена.
Доколку Лампард биде назначен за тренер, тој ќе има огромна задача да го подобри тимот на Евертон кој моментално е 16-ти на табелата со 19 освоени бодови.