Фримпонг пристигна на потпис во Ливерпул

Џереми Фримпонг денес пристигна во Англија за да го финализира трансферот од Баер Леверкузен во Ливерпул.

24-годишниот Холанѓанец, кој може да игра како десен бек и крило, беше на лекарски прегледи минатата недела, откако Ливерпул ја активираше неговата откупна клаузула во износ од 29,5 милиони фунти.

Фримпонг ќе потпише договор со Ливерпул на пет години и ќе биде првото ново засилување за шампионите во летниот трансфер период. Во меѓувреме, Ливерпул продолжува да преговара за уште двајца трансфери – левиот бек на Борнмут Милош Керкез и ѕвездата на Баер Леверкузен Флориан Вирц, кој може да стане најскапата набавка во историјата на Ливерпул.

За Баер, Фримпонг постигна 30 гола и 39 асистенции во 190 натпревари.