Фудбалерите до 15 години поуспешни од Естонија

Во вториот натпревар на развојниот турнир на УЕФА за играчи до 15 години што се одржува во Струмица и Турново, репрезентацијата на Македонија ја совлада Естонија со 1:0.

Избраниците на селекторот Горан Георгиевски одиграа одличен натпревар во кој за жал постигнаа само еден погодок иако во текот на деведесете минути имаа неколку одлични можности, а на два пати и ја погодија пречката на противничкиот гол.

Натпреварот беше решен во финишот од првото полувреме кога во 40. минута Леис Факиќ успеа да го совлада гостинскиот голман.

Во последниот дуел на турнирот Македонија в среда за противник ја има репрезентацијата на Украина.