Фудбалерите на Тотенхем ќе ги обештетат разочараните фанови кои патуваа во Њукасл

Тотенхем доживеа тежок дебакл на гостувањето на „Ст. Џејмс парк“ и загуби од Њукасл со неверојатни 6-1, пораз кој резултираше со отказ на привремениот наследник на Антонио Конте.

Кристијан Стелини беше посочен како најодговорен за срамниот резултат и веќе наредниот ден доби „шут-карта“ од Даниел Леви, но одговорност чувствуваат играчите кои сега се обидоа барем малку да го намалат гневот кај навивачите.

Добар дел од гостинтските фанови го напуштија стадионот после само 20 минути игра, па сите кои заминаа на гостувањето во Њукасл, сега ќе бидат обесштетени од играчите од првиот тим.

@Како тим, ја разбираме вашата фрустрација и вашиот гнев. Не беше доволно добри. Знаеме дека зборовите не се доволни во вакви ситуации, но верувајте дека ваквиот пораз не боли и нас. Ја цениме вашата поддршка, на домашен и гостински терен, и поради тоа, би сакале да надоместиме и да им ги платиме билетите на навивачите за натпреварот на Сент Џејмс Парк. Знаеме дека ова не го менува она што се случи во неделата и ќе направиме се што можеме за да ги поправиме работите против Манчестер Јунајтед во четврток попладне кога, уште еднаш, вашата поддршка ќе ни значи многу. Заедно – и само заедно – можеме да ги придвижиме работите напред“, се вели во обраќањето на играчите.