Фудбалерките со пораз го завршија настапот на развојниот турнир

Женската репрезентација на Македонија до 16 години во последното коло од УЕФА развојниот турнир што се одржа во Струмица е поразена од селекцијата на Косово со 2-1.

Откако првото полувреме заврши без голови на почетокот од второто во 58. минута, Олса Кучи им донесе предност на гостинките од 1-0.

Во 79-тата, Леона Малоку зголеми на 2-0, а во последната минута од натпреварот Елена Наумоска беше стрелец на единствениот гол за Македонија.

Избраничките на селекторката Катерина Милеска на трите меча во Струмица забележаa по една победа и пораз, а еден меч го загубиja по изведување на удари од 11 метри откако по 90 минути игра резултатот беше нерешен.

Македонија на турнирот го освои третото место зад селекциите на Косово и Андора, а пред Сан Марино.

Турнирот во Струмица беше одлична можност за Милеска да ја селектира новата генерација фудбалерки кои наскоро треба да влезат во натпреварувачкиот систем на УЕФА.