Фудбалер во Австрија суспендиран на 48 натпревари!?

Скандал во Австрија. Аматерскиот фудбалер Рашид Арсанукаев заработи една од најригорозните казни во историјата на спортот, откако е исфрлен од фудбалот на дури 48 натпревари.

Се прашувате што направи да добие така драстична казна? Тој му го скрши носот на својот противник.

„Билд“ пренесува дека рускиот играч е казнет бидејќи на судијата Романо Џовани по исклучувањето му рекол дека ќе му „покаже што е казниво“ и потоа со глава го удрил противничкиот фудбалер, кршејќи му го носот.

Неговиот клуб Викторија, член на деветтиот ранг од австрискиот фудбал, веднаш го исфрли Арсанукаев, а случајот го презеде и локалната полиција.

Играчот на кој му е скршен носот му е потребна операција и нема да може да се занимава со спорт во наредните неколку месеци.

По објавата на клубот и официјалната потврда за раскин на соработката, се јави и тамошниот општински сојуз известувајќи дека преземени се неколку чекори да се осигураат од евентуален обид за враќање на Арсанукаев во австрискиот нисколигашки фудбал.