Фудбалер на Рапид претепан, востановени му се сериозни повреди и скршеници

Австрискиот фудбалер Гуидо Бургшталер има сериозни повреди на главата, вклучително и фрактура на јаболчницата, откако беше нападнат во центарот на Виена.

Ова го објави неговиот тим Рапид, а пренесе агенцијата Ројтерс. Според информациите, 35-годишниот напаѓач бил удрен и соборен од засега непознато лице, при што паднал си ја повредил главата. За инцидентот кој се случи викендов има сведоци. Поранешниот репрезентативец на Австрија, следните неколку денови ќе ги помине во болница и најверојатно нема да може да игра фудбал со месеци.

Рапид Виена не даде повеќе детали за инцидентот и објасни дека го почитуваат личниот живот на Бургшталер и неговото семејство.