Фудбалер на Реал крши клупски рекорд, ќе дебитира по 943 дена!

Андриј Лунин пристигна во Реал Мадрид во јули 2018. година, а до денес се уште не дебитирал за кралскиот клуб.
Реал го доведе откако со репрезентацијата на Украина до 20 години го освои Светското првенство. Тогаш, тој беше избран за најдобар голман на турнирот, а Реал за него на украинска Зорја му исплати осум и пол милиони евра.
Лунин со Реал потпиша петгодишен договор, но во клубот го дочека голема конкуренција, бидејќи Реал ги имаше Куртоа и Навас. Беше позајмен на Леганес, каде беше резерва на 35-годишниот Иван Куељар, а бранеше само на седум натпревари.
Наредната сезона беше испратен во Ваљадолид, каде доби шанса на само два натпревари. Потоа, половина година одработи како прв голман на второлигашот Овиедо, па Реал сезоанва се одлучи да го промовира како втор голман на тимот.
Според најавите на мадридските медиуми, 21-годишниот Лунин утре ќе го сруши рекордот на Реал по најдолго чекање на деби настап од доаѓање во клубот. Украинецот ќе дебитира по 943 дена од потпишувањето.