Фудбалер на Црвена Звезда го лажирал датумот на раѓање
Фудбалерот на Црвена Звезда, Гејлор Канга се најде под истрага за можно лажирање на годините откако во јавноста се појавија докази дека неговата мајка била почината четири години пред неговиот датум на раѓање.
Низ годините веќе навикнавме на вакви случаи кога во прашање се фудбалерите од афричкиот континет, многу често се појавуваа фудбалери кои изгледаа многу повозрасно за своите години. Проблемот во најголем дел од случаите се открива подоцна бидејќи фалсификатот не се менува и тие продолжуваат да живеат со погрешниот датум на раѓање.
Канга во овој момент има 32 години бидејќи според неговите документи тој е роден 1990 година, но сега се појавија докази дека мајката на Канга починала 1986 година.
Исто така Канга е обвинет дека не е ниту Габонец, затоа што е роден во ДР Конго како Киаку Киаку Канга на 5 октомври 1985 година што би значело дека во овој момент има 37 години.
Фудбалерот јавно не се огласил, вакви сомневања постоеа и пред две години, меѓутоа сега доказите се многу цврсти, па не е исклучено Канга да добие сериозна казна. Постои голема веројатнот во целиот случај да е вклучена и Фудбалската федерација на Габон.