Фудбалер од Премиер лигата обвинет за силување
Неименуван фудбалер од англиската Премиер лига е обвинет за силување, јавуваат островските медиуми. Од правни причини неговото име не се открива, познато е само дека има 31 година, дека е истакнат интернационалец и има шестцифрена неделна плата. Играчот е под истрага за наводно силување на две жени и сексуално недолично однесување во врска со трета жена.
Прво бил приведен во јули 2022 година, тогаш бил ослободен со кауција и продолжил непречено да игра за својот клуб.
Метрополитен полицијата сега предаде „целосно досие“ со докази за фудбалерот обвинет за силување до Кралското обвинитеслтво.
„Гардијан“ уште во јули 2022 година објави дека клубот бил запознаен со она што се случило есента 2021 година.
„Целосното досие е предадено на Кралската обвинителска служба (КПС) и детективите продолжуваат да работат со обвинителите“, се вели во соопштението.