Фудбалската репрезентација добива големо засилување во средниот ред
Фудбалерот на Малме, Ердал Ракип ќе може да биде дел од списокот на Благоја Милевски веќе за претстојните квалификациски натпревари кои ќе ги играме со Лихтенштајн и Германија наредниот месец.
Ракип ја доби потребната дозвола од ФИФА да настапува за Македонија. Тој веќе подолго време има македонски пасош, а сега сите пречки се отстранети и тој може да почнe да настапува за нашиот национален тим.
Со Ракип би се зголемила конкуренцијата во средниот ред, а сигурно ќе дојде добро и во период кога Енис Барди и Арјан Адеми се неизвесни поради повреди.