Фудбалскиот клуб Милан доби нови сопственици
Американската компанија „Red Bird“ за 1,3 милијарди евра го откупи мнозинскиот дел од акциите на италијанскиот гигант Милан.
Весникот Тутоспорт пренесува дека американците ги потпишале сите потребни документи потребни за преземање на клубот од досегашните сопственици, групацијата Елиот кои го водеа клубот од 2018 година.
Договорот во името на компанијата од Америка го потпиша нејзиниот основач и прв човек, Гери Кардинале.
Екипата на Милан после пауза од 11 година, сезонава го освои трофејот во Серија А.