Фудбал Фабиан Руиз: Наша цел е да ја одбраниме титулата во ЛШ

29-годишниот шпански играч од средниот ред на ПСЖ, Фабијан Руиз, зборуваше за перспективите на парискиот клуб во Лигата на шампионите.
„Најтешкото нешто во фудбалот не е да се стигне до врвот, туку да се остане таму. Нашата цел е да ја освоиме Лигата на шампионите два, три или четири пати. Нема да биде лесно, но којзнае? Дефинитивно ќе направиме сè што можеме за да го постигнеме тоа. Најважно сега е нашата победа минатата година да биде пресвртница. Мислам дека самите видовме дека клучот до успехот е целосна посветеност“, изјави Руиз.
ПСЖ е актуелен шампион на Лигата на шампионите. Тие го победија Интер со 5:0 во финалето од минатата сезона 2024/25.