Фулам на пенали го исфрли Јунајтед од ФА Купот

Манчестер јунајтед испадна од ФА купот. Во осминафиналето, на домашен терен, Фулам по изведувањето пенали го победи Јунајтед. На „Олд Трафорд“ по 120 минути игра резултатот беше 1-1, а пенал серија Фулам ја доби со 4-3. Апсолутен херој е голманот на Фулам, Бернд Лено, кој во четвртата и петтата серија ги одбрани ударите на Виктор Линделоф и Џошуа Зиркзе.

Гостите први дојдоа до гол во осминафиналето. Во судиското надополнување на првото полувреме, Баси најдобро се снајде и го совлада Онана.

Рубен Аморим направи неколку измени, во вториот дел, прво ги внесе Гарначо и Линделоф, а потоа Оби и Касемиро, а во 71. минута Јунајтед успеа да израмни. Дало испрати повратно додавање од левото крило, а на вистинското место се најде капитенот Бруно Фернандеш кој со лева нога погоди за 1-1.

Регуларниот дел заврши без победник, а во продолженијата не се случи ништо значајно. Најдобрата шанса ја имаше младиот напаѓач на Јунајтед Оби, неговиот удар брилијантно го одбрани Лено во 106.минута.

Во пенал серијата за Јунајтед погодија Бруно, Дало и Касемиро, не реализираа Линделоф и Зиркзе. Кај Фулам сите шутери беа прецизни: Раул Химензе, Берге, Вилија и Робинсон.