Фулам се засили со Германецот Бернд Лено

Германскиот голман од екипата на Арсенал, Бернд Лено се договорил со Фулам.

Според информацијата, голманот и повратникот во Премиерлигата веќе се договориле за се. Висината на трансферот се уште е предмет на договор меѓу двата клуба.

Арсенал бара околу 12 милиони евра за трансферот, но Фулам не сака да даде повеќе од 10 милиони. Претходно беше објавено дека германскиот репрезентативец се надева дека ќе добие поголема минутажа за да се избори за место во тимот на Германија кој ќе игра на Светското првенство во Катар во 2022 година.