Фулам со минималец ја прекина победничката серија на Астон Вила

Фулам запиша минимална победа од 1-0 против Астон Вила во 34. коло од Премиер лигата и стигна до својата 14. сезонска радост.

Решавачкиот момент се случи пред паузата, кога Рајан Сесењон погоди во 43. минута. Домашниот тим имаше иницијатива и по одморот, постигна уште еден гол, но тој беше поништен поради прекршок врз Емилиано Мартинез.

Гостите се обидуваа да избегнат пораз, но не најдоа решение за одбраната на Фулам. И покрај неуспехот, Вила останува четврта со 58 бода и се уште е во добра позиција за место во Лигата на шампионите, додека Фулам е десетти.