Фулкруг се врати на терените по долгата пауза

Менаџерот на фудбалерите на Вест Хем, Нуно Еспирито Санто, не коментираше за иднината на напаѓачот, Никлас Филкруг, иако се појавија шпекулации дека голгетерот може да се активира во Милан во текот на зимскиот трансфер период.
Германецот откако ги пропушти последните три натпревари во Премиер лигата, сега се врати во тренинг процес. Тој ќе му биде достапен на Санто за саботното дерби со Манчестер Сити.
Филкруг беше купен од Борусија Дортмунд во 2024 година. На 29 мечеви има само три гола што е далеку под очекувањата.