Футсал репрезентацијата против Шпанија и Финска во квалификациите за СП 2028

Во Нион денеска беше извршена ждрепката за главната рунда од квалификациите за Светското првенство во футсал во 2028 година. Македонската футсал репрезентација се најдево група со фаворитот Шпанија и селекцијата на Финска.
12-те квалификанти од прелиминарната рунда се приклучуија на 24-те селекции кои директно влегоа во главната рунда. Натпреварите од квалификациските групи ќе се играат дома и на гости меѓу декември 2026 и март 2027 година.
12-те победници на групите и четирите најдобри второпласирани ќе се квалификуваат во елитната рунда. Останатите осум второпласирани се квалификуваат за плејофот од главната рунда.
До завршувањето на квалификациите во април 2028 година, седум европски екипи ќе бидат потврдени како учесници на завршниот турнир, а доколку земјата која од УЕФА ќе биде избрана за домаќин и добие автоматско место, само шест места ќе бидат слободни за квалификантите од Стариот континент.