ФФМ и МВР потпишаа меморандум за соработка

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и Министерството за внатрешни работи (МВР) потпишаа Меморандум во насока на зајакнување на сигурноста, безбедноста и интегритетот на фудбалските натпревари.
Во рамките на соработката ќе се реализираат заеднички безбедносни планови и протоколи за натпревари, редовни координации меѓу службите на МВР и ФФМ, обуки за службени лица и редарски служби, едукативни кампањи за промоција на спортски дух и воведување технолошки решенија за следење и навремена реакција при инциденти.
„Како Фудбалска федерација имаме одговорност не само кон играта туку и кон сите кои се дел од неа – фудбалерите, навивачите, клубовите и општеството. Оваа соработка претставува важен чекор кон европски стандарди во организирање на фудбалски настани. Уверен сум дека заедно ќе постигнеме многу за фудбалот и општата безбедност“, изјави претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.