Фјури потврди дека ја завршува кариерата
Никогаш нема досаден момент со Тајсон Фјури. На својот 34-ти роденден, актуелниот непоразен светски шампион во супертешка категорија на ВБЦ го потврди своето повлекување од професионалниот бокс.
Британецот го објави ова уште во април кога го победи Дилијан Вајт во борба за титулата на преполниот Вембли.
Но, после тоа во јуни најави дека ќе се врати во рингот за да се бори со подобриот од мечот Усик-Џошуа за титулата апсолутен светски шампион, а пред некој ден изјави дека би сакал повторно да се бори со Дерек Чисора.
Изгледа по сите нагаѓања решил да стави крај.
„Благодарам на сите што имаа влијание врз мојата кариера низ годините. По долги дискусии решив дека ова е дефинитивно крајот“, напиша Фјури.