Хаверц: Натпреварот со Шпанија може да биде пресвртница за нас

Репрезентативецот на Германија, Каи Хаверц, порачува дека претстојниот натпревар против репрезентацијата на Шпанија, би можел да биде пресвртница за неговата екипа после поразот од Јапонија на стартот од Мундијалот.

„Нашиот фокус сега е на натпреварот против Шпанија во недела, и не се грижам што се случи во минатиот натпревар бидејќи нема смисол да се размислува за нешто што поминало, или да се размислува негативно. Мислам дека дуелот со Шпанија може да биде пресвртница за Германија, и сите сме подготвени за таа средба“, изјавува Хаверц.

Во вториот натпревар од оваа група ќе се сретнат репрезентациите на Костарика и Јапонија.