Хаверц се враќа во клучниот дел на сезоната за Арсенал

Пред крајот на сезоната лондонски Арсенал би можел да добие засилување. Станува збор за Каи Хаверц кој на почетокот на февруари заработи повреда на задниот бутен мускул. Се предвидуваше дека Германецот ја заврши сезоната, ама докторите даваат подобри најави. Според последните информации Хаверц би можел да се врати порано.

Доколку германскиот напаѓач ја надмине повредата порано од планот, тоа би било одлично засилување за Арсенал. Останува да се види кога и во каква состојба би бил Хаверц ако се врати, но нема сомнеж дека би бил добредојден особено во борбата во Лигата на шампионите.