Хадсон-Одои принудно ја заврши сезоната

Крилниот напаѓач на Нотингем Форест, Калум Хадсон-Одои, ќе го пропушти остатокот од сезоната откако беше подложен на операција на тетивата, објави клубот од Премиер лигата.
25-годишникот се повреди во реваншот од четвртфиналето на Лигата на Европа против Порто.Тој во сезонава има 43 мечеви со ефект од 6 голови и четири асистенции.
„Крилниот напаѓач беше опериран и веднаш ќе започне со рехабилитација. Се очекува Калум да се врати на целосен тренинг за време на предсезоната“, се вели во соопштението.