Хакан Чахланоглу верен на Интер до 2027 година

Откако Интер денес ја објави веста за новиот договор на дефанзивецот Алесандро Бастони, нешто подоцна клубот објави и обновување на договорот со играчот од средниот ред Хакан Чалханолу, кој повторно потпиша договор со финалистот од Лигата на шампионите до летото 2027 година.

Се верува дека турскиот интернационалец ќе добие зголемување на платата која сега ќе биде 6 милиони евра по сезона или еден милион повеќе од досега.

29-годишниот играч од средниот ред пристигна во Интер во летото 2021 година кога се приклучи со слободен трансфер откако му истече договорот со градскиот ривал Милан. Чалханолу веднаш се наметна како стартер во тимот на Симоне Инзаги, со 95 настапи за „нероаѕурите“ досега со 12 гола и 21 асистенција. Во првите две сезони во клубот, тој освои два Купа на Италија и два домашни Суперкупа.