Хакими: Долго ја чекав оваа титула со Мароко

Капитенот на мароканската репрезентација Ашраф Хакими го прекина периодот на молчење по драмата во финалето на Купот на африканските нации. Тој во поткаст каде беше гостин заедно со Чуамени и Мбапе за првпат зборуваше за случувањата од финалето.
Африканската федерација ја смени одлуката и трофејот по административен пат му го додели на Мароко, а како причина беше наведено дека фудбалерите на Сенегал се повлекле од теренот. Инаку, на теренот Сенегал оствари победа. Хакими без разлика на начинот го прифаќа таквиот исход.
- Многу сме среќни. Долго го чекав овој момент. Иако победата дојде на овој начин, изјави Хакими.
Мароко ја слави титулата, но Сенегал одбива да го врати пехарот и најавува нова жалба.