Хакими: Луис Енрике е најзаслужен за ова финале на ПСЖ

Дефанзивецот на Пари Сен Жермен, Ашраф Хакими, му се заблагодари на тренерот Луис Енрике за пласманот во финалето на Лигата на шампионите.

„Луис Енрике заврши неверојатна работа откако дојде. Тој изгради фантастичен тим, а тоа бара многу работа. Тој е мајстор на својот занает“, рече Хакими.

„Многу луѓе не веруваа во нас, но ние го направивме тоа. Работевме напорно, ние сме тим, ние сме семејство, го заслужуваме овој момент, сите навивачи, сите Парижани“, додаде мароканскиот репрезентативец, кој го постигна вториот гол за својот тим во победата од 2-1 над Арсенал во полуфиналниот реванш.

ПСЖ се пласираше во финалето на Лигата на шампионите, кое ќе се одигра во Минхен на 31 мај.