Хаким Зијеш ќе игра во Бразилерао

Мароканскиот крилен напаѓач Хаким Зијеш има нов клуб, откако ја заврши епизодата во Видад Казабланка.

Искусниот Мароканец и поранешен ас на Ајакс, Челзи и Галатасарај, наскоро ќе потпише за бразилскиот Ботафого.

Зијеш во Рио де Жанеиро пристигнува како слободен играч, а откако ќе ги помине медицинските прегледи, се очекува да потпише двегодишен договор.

„Бразил е број еден кога станува збор за фудбалот. Овде фудбалот е начин на живот и сакам да го почувствувам тоа“, изјави Зијеш за клупскиот канал на Ботафого.

Тој има 33 години и беше дел од репрезентацијата на Мароко која во 2022 година стигна до полуфиналето на Мундијалот во Катар, но за овогодинешното Светско првенство не доби повик од селекторот Мохамед Уахби