Халанд: Во Сити го поправив моето тело
Ерлинг Халанд ја игра првата сезона во дресот на Манчестер Сити, но изгледа како да е со години во ова екипа ако се погледнат неговите настапи и придонесот што го има за клубот во досегашниот дел на натпреварувачката 2022/2023.
Тој веќе има дадено 20 голови во Премиер лигата, учинок кој е навистина страшен со оглед на тоа што ова го направи на 14 мечеви со што испиша нов рекорд. Важна улога во ова негово „шоу“ имаат неговите соиграчи кои му помагаат на сите начини, меѓутоа според Норвежанецот не смеат да се заборават ниту лекари, медицинскиот тим на „граѓаните“.
„Првиот дел од сезоната е фантастичен за мене – опкружен сум со исклучителни соиграчи, уживам во работата со Гвардиола. Не се само тренерите и играчите – лекарите ми помогнаа многу да го поправам моето тело. Имав мали проблеми, сега се чувствувам подобро. Задоволство е да се работи со сите во клубот, се трудам да се подобрам. Сè уште сум млад и сакам да станам уште подобар. Отидов на одмор за време на Мундијалот, спремен сум за продолжението од кампањата“, порача Халанд.