Халанд го потпиша најголемиот спонзорски договор во фудбалот
Напаѓачот на Манчестер Сити и норвешки репрезентативец, Ерлинг Халанд, на крајот од март месец потпиша спонзорски договор кој би можел да биде најголем во историјата на фудбалот.
Според информациите од некои познати спортски медиуми, Халанд потпишал десетгодишен договор со компанијата Најк според кој ќе заработува повеќе од 22,7 милиони евра.
Веќе подолг период конкурентските компаниии на американската фирма, Адидас и Пума се обидуваа да направат соработка со Норвежанецот, меѓутоа Најк на крајот ја доби битката и го обезбеди потписот со фудбалерот.
Освен со Халанд, во „екипата“ на Најк се Килијан Мбапе, Маркус Рашфорд, Хари Кејн, Кевин Де Брујне, Кристијано Роналдо.