Халанд го собори рекордот за брзина во Бундеслигата

Младата фудбалска ѕвезда на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд имаше неверојатен спринт на средбата со Штугарт кога достигна брзина од дури 36,04 км на час, што е рекорд во сезонава во Бундеслигата. Одличниот голгетер со тоа достигнување ги остави зад него Маркус Турам од Вердер (35,97 км на час) и Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен (35,95 км на час). Засега најбрзиот спринт на фудбалските терени го има францускиот напаѓач од ПСЖ, Килијан Мбапе, кој пред две години постигна фантастична брзина од 38 км на час.