Халанд го сруши Премиер-рекордот на Мо Салах
Ерлинг Халанд го собори рекордот на Мохамед Салах за најмногу голови во сезоната во Премиер лигата со 38 натпревари. Норвежанецот постигна гол во победата од 4-1 над Арсенал и го зголеми својот број на 33 оваа сезона. Египќанецот досега го држеше рекордот со 32 постигнати гола во сезоната 2017/18.
Инаку, Енди Кол и Алан Ширер го држат рекордот за најмногу голови досега во една сезона во Премиер лигата со по 34. Двајцата ист број на голови во сезоните 1993/94 и 1994/95, но разликата е во тоа што одиграа по 42 натпревари во текот на сезоната. До крајот на сезоната остануваат уште само 7 натпревари, па Халанд ќе има можност да ги подобри дури и рекордите на Кол и Ширер. Она што е уште поимпресивно е што Норвежанецот може да го направи тоа во својата прва сезона во Премиер лигата.
Инаку, Халанд има вкупно 49 гола од стартот на сезоната во сите натпреварувања. Тој е и водечки стрелец во сезоната на Лигата на шампионите со 11 голови.