Халанд избра во кој клуб сака да ја продолжи кариерата

Ерлинг Халанд го избра клубот каде сака да ја продолжи својата кариера, доколку било кој се одлучи да испрати понуда која ќе ја наговори Борусија Дортмунд да го продаде. Интерес за услугите на 20-годишнот норвешки напаѓач покажуваат повеќе европски клубови, меѓу кои и Реал Мадрид, Барселона и ПСЖ, но ниту еден од нив не е изборот на Халанд, бидејќи тој кариерата би сакал да ја продолжи во редовите на Челзи.

Тоа го тврдат англиските медиуми, додавајќи дека Халанд би бил последниот дел од сложувалката на Тухел, на кого му треба напаѓач да се вклучи во борбата за врвот во англиското првенство.

Повикувајќи се на норвешките медиуми, англиските извори тврдат дека Челзи и покрај високите барања на Дортмунд интензивно работи на тој трансфер за кој се претпоставува дека ќе се движи околу 170 милиони евра.

Доколку биде така, трансферот на Халанд ќе биде трет најголем на сите времиња. Поскапи ќе останат само трансферите на Нејмар (222 милиони евра) и Мбапе (180 милиони евра), кога и двајцата потпишаа за ПСЖ.