Халанд: Имам уште три години договор со Борусија, не обрнувам внимание на другите клубови
Норвешката репрезентација се собра во Марбеља каде ќе се спрема за престојните квалификации за Светското првенство.
Таму новинарите го дочекаа Ерлинг Халанд и веднаш му поставија прашање за неговата иднина со оглед на фактот дека е желба на Реал Мадрид и Барселона.
„Имам уште три години договор со Борусија, па не обрнувам внимание на многуте гласини и не се вознемирувам кога е во прашање мојата иднина“, изјави Халанд.
Напаѓачот исто така го коментираше својот бес после ремито со Келн и фактот што само му го фрли дресот на противничкиот играч наместо да го размени.
„Бев многу лут после натпреварот и не требаше така да постапам. Бев надвор од контрола и тоа не е во ред“, истакна Халанд.