Халанд не е загрижен околу прилагодувањето во Премиер лигата
Новиот напаѓач на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, изјави дека не е загрижен дали ќе се вклопи во екипата и во Премиер лигата, во која ова лето пристигна од Борусија Дортмунд.
Халанд го имаше своето деби во дресот на Сити минатата недела во натпреварот од Комјунити Шилд против Ливерпул, каде неговиот тим загуби со 3:1.
„Не сум премногу загрижен. Таков е животот на фудбалерите и мора да се живее со тоа. Вие сте некој вид на забавувач. Секоја недела сте на суд од навивачите во врска со тоа како играте на теренот и мора да се докажувате и давате се од себе“, вели Халанд.
Во првиот натпревар од новата сезона во Премиер лигата, Манчестер Сити гостува во Лондон кај Вест Хем.