Халанд со нов рекорд

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, стана нов рекордер меѓу играчите од англиската Премиер лига, по бројот на постигнати голови во една сезона.

Норвежанецот во победата на Манчестер Сити над Баерн Минхен со 3:0 во четвртфиналето од Лигата на шампиони, го постигна својот 45.гол во сезоната во сите напреварувања. Халанд така ги престигна Руд ван Нистелрој кој во дресот на Манчестер Јунајтед во сезоната 2002/03 постигна 44 гола, и Мохамед Салах кој за Ливерпул во 2007/18  постигна 44 погодоци.

Халанд до крајот на оваа сезона со Манчестер Сити го очекуваат уште најмалку 11 натпревари, па така најверојатно тој дополнително ќе ја зголеми својата бројка на постигнати голови.