Халанд спремен за враќањето во норвешката репрезентација

Фудбалерот, Ерлинг Халанд, кој набрзо ќе го облече дресот на Манчестер Сити, се осврна на престојот во Борусија Дортмунд. Тој за медиумите во Норвешка проговори за тоа што му се случувало во германскиот состав.

„Последните неколку месеци беа многу тешки. Направив се што беше во моја моќ. Сега сум подготвен за четири натпревари со Норвешка. Се чувствувам многу среќен“, изјави напаѓачот на Норвешка.

Неговата селекција во јуни двапати ќе игра против Шведска а потоа ќе се соочи и со Србија и Словенија во Лигата на нации.