Халанд ќе го избере новиот клуб до крајот на април
Каталонскиот весник „Спорт“ пишува дека голгетерот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд ќе донесе конечна одлука за својата иднина до крајот на април.
Менаџерот на Халанд, Мино Раиола веќе разговарал со сите клубови кои сакаат да го купат младиот Норвежанец. Италијанецот ги претстави условите под кои играчот е подготвен да потпише договор со новиот клуб.
Во информациите се вели дека Халанд донел конечна одлука да ја напушти Борусија. Одамна е познато дека неговиот договор вклучува откупна клаузула од 75 милиони евра, која стапува на сила на 1 јули.