Халанд ќе мине неказнето по инцидентот со Габриел
Дисциплинската комисија на Фудбалската асоцијација на Англија
нема да изрече дополнителни казни за неколкуте инциденти меѓу
фудбалерите на Манчестер Сити и Арсенал за време на дербито
во неделата.
Во фокусот беше голгетерот на „граѓаните“ Ерлинг Холанд, кој по
израмнувачкиот гол на Џон Стоунс во 98. минута, со топката во
тилот го удри дефанзивецот на Арсенал, Габриел, а малку
подоцна имаше и пресметка со дефанзивецот.
ФА објави дека инцидентот бил разгледан од судијата во ВАР, Џон
Брукс и затоа не може да има дополнителни прегледи. ФА смета
дека немало ниту еден инцидент што бил доволно сериозен за
дополнително да се истражи.