Халгримсон е наследникот на Гонзало на голот на Барса

Ракометната секција на Барселона конечно го реши голманското прашање за наредната сезона

Изборот на управата на каталонците падна на Барселона, одличниот исландски голман  Виктор Халгримсон кој доаѓа од редовите на Висла Плоцк.

Халгримсон официјално потпиша двогодишен договор со Барса, со што ќе му се приклучи на Данецот Емил Нилсен во голманскиот тандем на најтрофејниот европски ракометен колектив.

Исланѓанецот има одлична сезона, со 36% успешност е најдобар голман во полското првенство, додека во ЛШ имаше 28% успешни интервенции.