Халеп протестира за одложувањата на нејзиниот допинг случај
Романската тенисерка Симона Халеп излезе со протест поради тоа што анти-допинг институциите го спречуваат разрешувањето на нејзиниот случај со допинг и и понатаму и ја блокираат карирата. Минатата недела стана јасно дека Халеп е обвинета за уште едно прекршување на антидопинг правилата, но сослушувањето за случајот никако да се одржи.
Првично рочиштето требаше да се одржи на 28 февруари, но потоа беше одложено за 23 март, а подоцна за 28 мај. Нов датум за сослушување се уште не е објавен.
„Уште сум крајно шокирана и разочарана од начинот на кој ITIA се однесува кон мене. Додека пред три дена ITIA, преку својата претставничка Никол Сапстед, изјави дека е отворена за навремена и ефективна соработка, Трибуналот веќе по третпат го одложи моето сослушување. Јавно кажуваат едно, а потоа постапуваат сосема поинаку. Повеќепати сум барала рочиште, а тие продолжуваат да го презакажуваат“, вели огорчената Халеп.