Хамес експресно ја напушта Шпанија и се сели во Интер Мајами
Хамес Родригес би можел да замине од Шпанија по само седум одиграни натпревари за Рајо Ваљекано.
Колумбиецот летово се врати во Ла Лига од Сао Пауло и заигра за Рајо. Сепак, кам-бекот не оди според планираното, тој не е на нивото и главно е резерва. Поради тоа неминовна е разделба, а според најавите тој би можел да замине на нов предизвик.
Родригез кој во минатото беше дел од Енвигадо, Банфилд, Порто, Монако, Реал Мадрид, Баерн Минхен, Евертон, Ал Рајан, Олимпијакос и Сао Пауло веројатно ќе се проба во МЛС лигата.
Според шпанските медиуми можна дестинација на Хамес Родригез е Интер Мајами каде што би играл заедно со Лионел Меси, Луис Суарез, Жодри Алба, Серхио Бускец. Доколку ова се исполни, Родригез и Меси по долгогодишно репрезентативно и клупско ривалство би заиграле за првпат заедно.