Хамес Родригез му се приклучува на Марсело во Олимпијакос
Колумбискиот фудбалер, Хамес Родригез, ќе биде нов фудбалер на грчкиот шампион Олимпијакос.
Родригез веќе пристигнал во Грција, каде ќе следуваат лекарските прегледи за потоа да потпише и официјален договор со клубот од Пиреја, пренесува новинарот Фабрицио Романо.
Колумбиецот во Олимпијакос пристига од редовите на Ал Рајан од Саудиска Арабија, клуб за кој настапуваше минатата сезона.
Олимпијакос неодамна го ангажира и Бразилецот Марсело, кој во минатото му беше соиграч на Родригез во Реал Мадрид.