Хандановиќ го продолжи договорот со Интер

Капитенот на Интер, голманот Самир Хандановиќ го продолжи договорот со клубот до летото 2023 година. 

Искусниот Словенец изјави дека е среќен што ќе остане со нероазурите уште една година.

„Пристигнав во врвен клуб пред десет години, и сеуште сум во врвен клуб. Многу сум среќен и горд што сум капитен на овај тим и привилегија е да продолжам да играм за Интер“, изјави Хандановиќ.

Словенецот својата кариера ја започна во Домжале, а во 2004 година прејде во Удинезе од каде подоцна стигна во Интер.

За репрезентацијата на Словенија одигра вкупно 81 натпревар.