Хандановиќ ја загуби довербата, Интер купува нов голман

Интер му „подари“ победа на Јувентус во првиот меч од полуфиналето во Купот на Италија, а навивачите брзо го пронајдоа виновникот. Капитенот и голманот Самир Хандановиќ е мета на критики, па и навреди од навивачите на Интер на друштвените мрежи. Она што тлееше неколку месеци наназад сега пукна. Хандановиќ ја изгуби довербата. Искусниот Словенец во претходните години ги навикна навивачите на Интер да брани на високо ниво. Често беше единствена светла точка во тимот на „нероаѕурите“. Сега кога е создаден конкуретен тим во борбата за Скудетото Хандановиќ повеќе не прави разлика. Дури стана една од послабите алки. Сезонава имаше неколку сериозни грешки при примањето голови (Беневенто и Верона), за негова среќа Интер победуваше во тие натпревари. Сепак, после дербито против Јувентус Хандановиќ немаше зад кого да се скрие.

)